Фудбалерите на Челси во 23-та рунда од Премиер лигата пред своите гледачи го играат супер дербито против Манчестер Сити.
„Сините“ во „еден-два“ пресметката ќе настапат без Цеск Фабрегас, кој се повреди на дуелот со Ливерпул во полуфиналето од Капитал купот.
Отсуството на шпанскиот репрезентативец сигурно ќе биде голем хендикеп бидејќи сезонава е најдобар играч во четата на Жозе Мурињо.
Мега пресметката на Стемфрод Бриџ меѓу лидерот Челси и второпласираниот Манчестер Сити се игра в сабота во 18:30 часот.
Мх.П.