В сабота на Стемфорд Бриџ екипата на Челси во „еден два“ пресметка силите ќе ги одмери со тимот на Манчестер Сити, но без услугите на Диего Коста.


Шпанскиот репрезентативец заработи суспензија од три натпревари за грубите стартови кои ги направи на дуелот со Ливерпул во 1/2 финалето од Капитал купот.

По завршувањето на мечот сите англиски медиуми ги осудија нефудбалските потези на Диего Коста, а дисциплинската комисија му изрече казна од три меча.

Покрај мечот со „граѓаните“ најдобриот стрелец во екипата ќе ги пропушти дуелите со Астон Вила и Евертон.

Суспензијата на Диего Коста ги зголеми главоболките на Жозе Мурињо, кој неможе да смета ниту на Цекс Фабрегас.

Мх.П.