Англискиот шампион Челси претрпе убедлив пораз од Манчестер Сити 3-0 во дербито во втората рунда од Премиер лигата.


Аргентинскиот репрезентативец Серхио Агуеро по половина час игра го начна голот на „сините“ и ја најави високата победа за „граѓаните“.


Во вториот дел капитенот Винсент Компани го дуплираше водството, а конечните 3-0 ги постави Бразилецот, Фернандињо.


Првата победа во новата сезона ја забележа Арсенал совладувајќи го Кристал Палас со 2-1 во лондонското дерби.

Втората рунда ќе се комплетира со дуелот на Енфилд меѓу Ливерпул и новајлијата Бурнмаут.

Ohridnews