Управата на лондонските сини не се предава и не се откажува од обидите да го доведе голгетерот на Рома, Един Џеко во своите редови.
Со цел да го придобие босанскиот репрезентативец Челси ќе скрши правило на клубот кое важи откако палката ја презеде рускиот тајкун Роман Абрамовиќ.
Имено, Челси на играчите постари од 30 години не им понудува договор повеќе од една година, а Џеко кој има точно 30 години ќе биде исклучок ќе добие повеќегодишен договор и плата иста колку што заработува во Рома.
Џеко во дресот на Рома има одличен голгетерски учинок постигнувајќи 46 погодоци во 64 натпревари во Серија А, а минатата сезона беше дел од идеалниот тим во калчо лигата.
OhridNews