Екипата на Челси ги врати надежите за пласман во ТОП 4 на табелата во Премиер лигата со победата над Барнли (2-1) во 34-та рунда од англискиот шампионат.

„Сините“ на четири натпревари до крајот на Премиер лигата имаат пет бодови помалку од Тотенхем кој се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

Творец на победата на жешкиот терен во Барнли беше Виктор Мозес. Црномурестиот фудбалер за водечкиот гол асистираше, додека вториот беше негово дело. Измеѓу головите на Челси домашните фудбалери погодија.

Саутемптон продолжува да тоне, откако одигра без голови со Лестер на „Кинг Пауер“ стадионот. Ќе биде вистинско чудо ако „светците“ се спасат од испаѓање сезонава, бидејќи заостануваат четири бодови од Свонси.

OhridNews