Екипата на Челси го доведе првиот фудбалер во зимскиот преоден рок откако ги договори сите услови со Алесaндро Пато.
Бразилецот на Стемфорд Бриџ ќе остане до крајот на сезоната со можност за откуп на целиот договор од Коринтијас.
– Многу сум среќен и се надевам дека играјќи добар фудбал ќе продолжам да го исполнувам мојот сон во Европа. – рече Пато веднаш по пристигнувањето на лондонскиот аеродром.
Пато имаше блескави моменти во дресот на Милан, но повредите го спречија целосно да го покаже својот талент.
OhridNews











