Англискиот шампион Челси го комплетираше трансферот на Асмир Беговиќ вреден осум милиони евра за четири години.
Беговиќ ќе биде втор избор во тимот на Челси бидејќи „единицата“ во составот е загарантирана за белгискиот репрезентативец Тибо Куртоа.
Токму поради тие причини првакот во Премиер лигата остана без Петр Чех кој премина во градскиот ривал Арсенал.
Беговиќ пет сезони го чуваше голот на Стоук, а во англискиот фудбал е од 2005 година кога прв настапи за Портсмут во младите категории.
Ohridnews