Од следната сезона Челси ќе го промени главниот спонзо и место сегашниот „Самсунг“ ќе стои јапонската фирма „Јокохама“.


Со јапонците лондонскиот премиерлигаш потпишал пет годишен договор, а „сините“ ќе заработат 200 милиони евра или 40 милиони по сезона.

Корејскиот производител на елетктричини уреди „Самсунг“ партнер на Челси му е од 2005 година, а љубовта ќе заврши после десет години.

Најголем прилив од реклами на дресот заработува Манчестер Јунајтед, кој производтелот на автомобили „Шевролет“ му плаќа 53 милиони евра по сезона.

Со новиот спонзорски партнер „сините“ ќе избијат на второто место пред Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.

Ohridnews