Англискиот шампион Челси на неодредено време ќе го напушти својот дом Стемфорд Бриџ, кој целосно ќе се реконструира.
Сопственикот на „сините“, Роман Абрамовиќ голем акцент ќе стави на зголемувањето и модернизирањето на стадионот.
Моменталниот капацитет на Стемфорд Бриџ изнесува 42 000 седишта, а рускиот тајкун сака да го зголеми на 60 000 седишта.
Најверојатно „сините“ ќе останат во Лондон, а натпреварите како домаќини ќе играат на најголемиот стадион на островот Вембли.
Ohridnews