Лондонските сини на добар пат се да ја освојат титулата во Премиер лигата, а управата заедно со менаџерот Антонио Конте почнаа да кројат планови за следната сезона во која ќе се натпреваруваат и во Лигата на Шампиони.
Екипата од Стемфорд Бриџ, Челси во своите редови го посакува тандемот од Рома, Манолас и Рудигер за кој веќе има понудата од неверојатни 90 милиони евра.
Римската „волчица“ ќе биде во големо искушение и пред огромен притисок од навивачите, бидејќи Рудигер е еден од подобрите фудбалери, а Манолас еден од стандардните во составот. За потсетување после завршување на оваа сезона Рома ќе остане без Франческо Тоти, а губењето и на овие двајца фудбалери ќе биде голем удар за амбициите на клубот.
И Челси ќе претрпи измени, бидејќи заминува Џон Тери, најверојатно и Цеск Фабрегас, а и уште неколку фудбалери кои не добиваат голема минутажа, затоа се потребни нови имиња кои ќе бидат од голема корист во европските мечеви кои ги очекуваат „сините“.
OhridNews