Екипата на Челси го доведе вториот фудбалер во своите официјализирајќи го договорот со францускиот репрезентативец Н`голо Канте.


Фудбалерот кој дејствува на средината од теренот на Стемфорд Бриџ се пресели од англискиот шампион Лестер. Висината на трансферот не ја соопштија двата клубови.

– Приликата што ќе ја имам да работам со тренер каков што е Антони Конте и да играм со некои од најдобрите играчи беше предобра да ја одбијам. – кратко за клупскиот сајт изјави Канте.

25-годишниот Французин за една година помина пат кој може само на филм да се гледа. Тој од Каен пристигна во Лестер со кој ја освои титулата во Премиер лигата, а месец дена подоцна играше со Франција во финале на ЕП, каде пак претрпеа пораз од Португалија.

OhridNews