Од следната сезона екипата од Стемфорд Бриџ ќе има нов спонзор односно нов дизајнер на дресовите, откако потпиша мега договор со Најк вреден 900 милиони евра.
Челси, за договорот со Најк кој има времетраење од 15 години ќе заработи 900 милиони фунти или по 60 милиони фунти по сезона.
„Сините“ години наназад соработуваа со Адидас, но американската компанија им понуди мега договор на англичаните кој едноставно не може да се одбие.
Со потпишувањето на договорот со Најк, Челси го симна Манчестер Јунајтед од врвот кој пред две сезони се обврза на соработка со Адидас на десет години за вредност од 75 милиони фунти по сезона.
По објавување на договорот, на социјалните мрежи веднаш се појави дрес кој би требало да го носи Челси следната сезона.
OhridNews