Лидерот на табелата во Премиер лигата, Челси со 2-1 го совлада Ливерпул во дерби пресметката на Енфилд во 11-та рунда од најсилната англиска лига.
„Црвените“ со погодокот на Емре Кан во 9-та минута одлично го отворија мечот, но радоста на водечкиот погодок траеше само пет минути кога Герет Кејхил го изедначи резултатот.
Погодокот вреден три бода на легендарниот стадион го постигна Диего Коста во 67-та минута.
Резултати : Ливерпул – Челси 1-2, Мен Ју – Кристал Палас 1-0, Барнли – Хул 1-0, Саутемтон – Лестер 2-0, Вест Хем – Астон Вила 0-0, КПР – Манчестер Сити.
Табела : Челси 29, С`тоон, 25, Мен Сити 20 (-1), Вест Хем 18, Арсенал 17 (-1)…
Мх.П.