Челси со голот на Хуан Мата во 87-та минута го совлада Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со минимални 1-0.


Со оваа победа “сините“ се вратија на третата позиција и на домашен терен против Тотенхем ќе ја имаат “меч топката“ за пласман во Лигата на Шампиони.

Шпанскиот интернационалец со помош на стативата во 87-та минута го совлада Линдегард и донесе значајна победа за Челси.


Резултати : Ливерпул – Евертон 0-0, Мен Ју – Челси 0-1.

Мх.П.