Англискиот шампион Челси на својата интернет страница го потврди ангажманот на колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао.
Колумбиецот на Стемфорд Бриџ ќе премине како позајмен фудбалер од француски Монако, а договорот е на една сезона.
За колумбискиот голгетер ова ќе биде втора шанса за успех во Премиер лигата откако во првата имаше катастрофален учинок во Манчестер Јунајтед по што беше вратен назад во Монако.
Навивачите на „сините“ не го паметат по добро Фалкао кој во 2012 година во дресот на Атлетико Мадрид постигна три погодоци во победата 4-1 над Челси во Супер купот на Европа.
Мх.П.