Фудбалскиот клуб Челси во ист ден официјално го промовираше Маурицио Сари за нов менаџер и најновото засилување Жоржињо кој во Лондон се преселува од Наполи. „Сините“ за услугите на италијанскиот репрезентативец на „наполитанците“ ќе им исплатат 57 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Жоржињо кој порано настапуваше под палката на Сари во Наполи потпиша договор до 2023 година, а грбот ќе го носи дресот со број 5. Во трката за потписот на Жоржињо, Челси го претекна Манчестер Сити кој наводно имал усмен договор со Италијанецот.

  • Многу сум среќен што доаѓам во Челси и што ќе имам можност да се натпреварувам во Премиер лигата. Се радувам на новиот почеток и не ветувам ништо, освен дека екипата ќе игра напаѓачки фудбал. – изјави Сари.

Челси во понеделник заминува на турнеја во Австралија. Во текот на турнејата со доаѓањето на фудбалерите, кои, се дел од завршницата на Мундијалот ќе се комплетира ростерот и Сари ќе ги има сите на располагање.

Новата сезона во Премиер лигата започнува на 10 август.

OhridNews