Францускиот репрезентативец Н`голо Канте најверојатно ќе биде првиот фудбалер кој ќе замине од шампионскиот мозаик на италијанскиот стручњак Клаудио Раниери во Лестер.


Неуморниот фудбалер од средниот ред е голема желба на Антонио Конте кој негува борбена игра. „Сините“ со евентуалното купување на Канте ќе го започнат егзодусот од кој сите се плашат во Лестер.

Сепак, клубот од „Кинг Пауер“ од трансферот на Канте на „Стемфорд Бриџ“ ќе заработи 30 милиони евра, кои пак, ќе може да ги искористи во купување на нови фудбалери.

Ако трансферот на Канте се официјализира, по неговите стапки се очекува да тргне и Ријад Марез кој се уште се нема изјаснато за својата иднина.

Премиер лигата започнува за четири недели, а како никогаш до сега во Англија нема толку квалитетни менаџери кои водат вистинска војна на терените.

OhridNews