Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси ја прифати понудата од Арсенал за искусниот чувар на мрежата Петер Чех.
„Топчиите“ одамна ги договорија личните услови со чешкиот репрезентативец, а трансферот на Емирати го кочеше тимот на Челси.
„Сините“ за трансферот на Чех во Арсенал ќе заработат 15 милиони евра на една година пред истекување на важечкиот договор.
Чех на Стемфорд Бриџ стигна во 2004 година од францускиот Рен и стана заштитен знак на „сините“.
По доаѓањето на Тибо Куртоа од Атлетико Мадрид чешкиот голман падна во втор план нешто што го издржа само една сезона.
Трансферот на Чех ќе значи збогум за еден од Давид Оспина или Воислав Шчезни кои до сега беа голмански тандем на Емирати.
Мх.П.