Лондоскиот премиерлигаш Челси гратис на клубовите од Англија им го нуди Фернандо Торес, кој е најскапоto засилување во клупската историјата на „сините“.


Тој во 2011 година во последниот ден од зимскиот преоден рок од Ливерпул на Стемфорд Бриџ се пресели за 58 милиони евра.

30-годишниот фудбалер имаше импресивни бројки во дресот на Атлетико Мадрид и Ливерпул, но целосно потрфрли во редовите на Челси каде постигна 45 голови на 175 натпревари.

Последниве месеци „Ел нињо“ ги мина во Серија А односно во дресот на Милан, но клубот од Сан Сиро не сака ни да слушнe за откупување на Шпанецот иако цената негова е само 4 милиони евра.

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо не сака да го врати Торес бидејќи веќе има три напаѓачи во екипата и не сака да предизвикува турбуленции во тимот, кој е лидер на табелата.

Мх.П.