Водечките екипи во Премеир лигата односно во Серија А, Челси односно Јувентус уште викендов можат да ја осигураат новата титулата во националните првенства.
Избраниците на Жозе Мурињо имаат 13 бодови предност од второпласираниот Манчестер Сити и третопласираниот Арсенал додека Манчестер Јунајтед заостанува 15 поени.
Петтата шампионска титула „сините“ ќе ја осигураат со триумф над Кристал Палас в недела во мечот од 35-та рунда, кој го играат пред своите гледачи.
Јувентус, пак се наоѓа во уште подобра позиција од Челси. Од гостувањето во Џенова кај Сампдорија на „бјанко-нерите“ им е потребен само бод за нова титула во „калчо лигата“.
Во Серија А познат е расплетот околу испаѓањето од лигата додека во Англија ќе се води битка меѓу шест екипи до последното коло за опстанок во елитното друштво.
Мх.П.