Управата на Челси им забрани влез на стадионот на четирите носевесни навивачи кои на расна основа го нападнаа фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг на дебито на „Стемфорд Бриџ“.

Стерлинг сам го пријави инцидентот, а Челси додека води истрага ги суспендираше навивачите кои се осомничени. „Сините“ на овој начин му изразија поддршка на фудбалерот и црномурестите фудбалери во своите редови и покажаа поделбата според бојата на кожата нема место во спортот.

Несовесните навивачи, ако бидат прогласени за виновни ги очекува висока парична казна, а најголемата ќе биде да не можат својот клуб да го гледаат од трибините, туку само на малите екрани.

Стерлинг веднаш после натпреварот доби поддршка од Рио Фердинанд кој исто така се бореше за еднаквост во фудбалот и легендата на Арсенал, Јан Рајт.

OhridNews