Екипата на Челси е новиот шампион во Премиер лигата. „Сините“ во голем стил пред своите гледачи со победата над Кристал Палас 1-0 и ја осигураа петтата титула во најсилната англиска лига.
До трофејот избраниците на португалскиот стратег Жозе Мурињо стигнаа доминатно, без пораз на „Стемфорд Бриџ“ и на три натпревари од крајот на шампионатот.
Со освојување на титулата „сината чета“ ја прекина доминацијата на тимовите од Манчестер кои во своја сопственост ја имаа четири сезони.
Мх.П.