Лондонските сини се подготвен да понудат 68 милиони британски фунти, или 80 милиони евра, за напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку.


Последната понуда е за 11 милиони фунти повеќе од претходната понуда која Евертон веднаш ја одби. Челниците на премиерлигашот од Ливерпул се цврсти во преговорите и бараат 75 милиони фунти, или 88 милиони евра за Лукаку.

Интересно е што Челзи во летниот преоден рок во 2014 година токму на Евертон му го продаде напаѓачот, и тоа за 33 милиони евра, така што по две години лондонските „сини“ би требало да го вратат Лукаку за речиси тројно поголема сума. Тогаш, на клупата од Челси беше Жозе Мурињо кој сега го предводи Манчестер Јунајтед.

OhridNews