заинтересиран за трансфер на Кристијано Роналдо. Играчот на Реал Мадрид неодамна изјави дека еден ден ќе се врати во Манчестер Јунајтед, а медиумите шпекулираат дека тоа може да се случи по завршувањето на сезоната.

Во истиот момент започнаа шпекулациите дека во трката по Роналдо ќе се вклучи и Челзи и дека сумата изнесува 60 милиони евра.

На новинарско прашање во петокот Мурињо кусо одговорил:„Заборавете на тоа“.

Мурињо пред неколку денови изјави дека Челзи во иднина ќе мора да продава фудбалери, а не да купува. Исто така тој нагласил дека клубот со трансферите во летниот преоден рок завршил одлична работа.

„Кога станува збор за приходите и за играчите кои ги купивме, клубот заврши маестрална работа. Рано ја анализирав ситуацијата на трансфер пазарот и мојот клуб ги донесе вистинските играчи“, рекол Мурињо.

 

„Макфакс“