Тимот на Челси му ја исполни желбата на Антонио Конте од летниот преоден рок доведувајќи го Рос Баркли на „Стемфорд Бриџ“ од Евертон за 15 милиони фунти.
Трансферот беше пред реализација минатото лето, но Челси и Евертон не се договорија, а Баркли незадоволен од исходот влезе во клинч со управата на клубот од „Гудисон Парк“ и беше преселен во Б екипата.
Повремениот англиски репрезентативец потпиша пет и полгодишен договор, а на грбот ќе го носи бројот 8, кој некогаш беше сопственост на Френк Лампард.
– Среќен сум што добив шанса за нов почеток во мојата кариера во клуб каков што е Челси. Во Челси со посилно темпо ќе продолжам, каде што застанав во Евертон минатата сезона. – изјави Баркли.
Ова е втор трансфер потег на ТОП 4 екипите во Премиер лигата. Првиот го направи Ливерпул ангажирајќи го Вирџил ван Дијк од Саутемптон за 75 милиони фунти.
OhridNews