Иднината на Антонио Конте на клупата од Челси е крајно неизвесна, откако лондонските „сини“ претрпеа втор убедлив пораз во Премиер лигата овој од Ватфорд (4-1) на „Викариџ Роуд“ стадионот.

Фудбалерите на Челси ни одблиску не наликуваат на оние кои минатата сезона доминатно стигнаа до тронот во англискиот фудбал, а противниците максимално користат и освојуваат бодови.

Лошата ноќ за „сините“ ја најави Бакајоко кој за пет минути од 25-та до 30-та минута доби два жолти картони и ги остави на цедило своите соиграчи. Играчката надмоќност домаќините ја капитализираа пред крајот на првиот дел преку Дини кој погоди од белата точка.

Во второто полувреме Челси и со играч помалку благодарение на Хазард стигна до позитивен резултат. Сепак, радоста кратко траеше и домашните фудбалери со головите на Јанмат, Делофеу и Переира го фрлија на колена шампионот.

 

Челси падна една позиција во однос на почетокот на оваа 26-та рунда, додека „стршлените“ се зацврстија на средината од табелата.

OhridNews