Лондонскиот клуб им забрани пристап на Стемфорд Бриџ на неодредено време на тројца навивачи кои го иницираа инцидентот во Париз.


После мечот со екипата на Пари Сент Жермен навивачите на Челси во метрото не пуштија и вреѓаа човек со темна боја на кожата.


Раководството на Челси и француската полиција веднаш по објавувањето на видео снимката спроведоа истрага и ги фатија и суспендираа виновниците за инцидентот.

– Клубот од Стемфрод Бриџ суспендираше тројца навивачи во склад на резултатите добиени од истрагата. Поседуваме неколку докази од сведоци кои биле на лице место и постапуваме во сооднос со нашите правила во клубот. – стои во соопштението од Челси.

Иако „сините“ обезбедија позитивен резултат на гостувањето во Париз играјќи 1-1, навивачите донесоа голем срам за клубот, која има одличен имиџ во Европа.

Мх.П.