Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси можеше да добие уште еден удар ако сопственикот на „сините“ Роман Абрамовиќ не ја одбиеше понудата од Монако за Жозе Мурињо.
Тимот од „кнежеството“ за услугите на португалскиот стратег понудил вртоглави 50 милиони евра, но рускиот тајкун експресно ја одбил монструозна понуда.
Мурињо од важечкиот договор со Челси има уште четири сезони и неодамна истакна дека не планира да замине од Стемфорд Бриџ.
Сепак, резултатите сезонава во Премиер лигата и Лигата на Шампиони не одат во прилог од Мурињо кој има се поголем притисок на неговите плеќи.
Ohridnews











