Манчестер Јунајтед ја врати неизвесноста во борбата за титулата во Премиер лигата, откако со 2-0 го совлада Челси во дербито од 33-та рунда на Олд Трафорд.
„Црвените ѓаволи“ со триумфот пред своите гледачи им се реваншираа на „сините“ за поразот (4-0) од есенската полусезона, ги задржа шансите за ТОП 4 и го доближија Тотенхем на четири бодови од лидерот на табелата.
Домаќините со борбената игра го фрлија во сенка составот на Челси кој во текот на целиот натпревар не упати ниту еден удар кон противничкиот гол. Избраниците на Жозе Мурињо два од трите удари кон голот ги претворија во погодоци за важна победа.
Во пресрет од дербито на Олд Трафорд, Ливерпул со минимални 1-0 го совлада тимот на ВБА и се доближи чекор поблиску до освојувањето на едно од четирите места на табелата.
OhridNews