Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е на врвот на листата од потенцијални засилувања на новиот шампион во Премиер лигата, Челси.


Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо по освојување на титулата во Англија се фокусира кон покорување на Европа односно на Лигата на Шампиони.

Пред почетокот на сезонава „сините“ од редовите на шпанскиот првак ги донесоаја Диего Коста и Луис Филипе, а во своите редови го вратија голманот Тибо Куртоа, кој беше на позајмица на Винсенте Калдерон.

За услугите на францускиот интернационалец екипата од Стемфорд Бриџ ќе плати 47 милиони евра, а договор напаѓачот со „јорганџиите“ има до 2020 година.

Мх.П.