Избраниците на португалскиот стратег Жозе Мурињо се одлепија на врвот од табелата совладувајќи го Стоук 2-0 во последниот меч од 17-та рунда.
„Сините“ со раниот погодок на Џон Тери во втората минута го отворија натпреварот со еден од најнезгодни противници во Премиер лигата.
Започнатата задача лидерот во Премиер лигата ја заврши во 78-та откако Цеск Фабрегас го дуплираше водството.
Со овој триумф Челси пак изби на чело на табелата со 42 бода пред Манчестер Сити со 39 и Манчестер Јунајтед 32.
Мх.П.