Со маестралниот погодок на Демба Ба во вториот дел, Челси минимално 1-0 го совлада Манчестер Јунајтед и се пласираше во 1/2 финалето од ФА Купот.


Моментот на одлука на “Стемофрд Бриџ“ беше во 49-та минута кога Демба Ба во ефикасен погодок ја претвори асистенцијата на Мата.

Јунајтед напаѓаше со сите расположливи средства, но на голот од Челси беше расположениот чешки голман, Петер Чех.

“Сините“ во полуфиналето од најстарото куп натпреварување во Англија ќе се сретнат со Манчестер Сити додека останата двојка ја сочинуваат Милвол – Виган.

Мх.П.