Лидерот во англиската Премиер лигата, Челси е првиот финалист во Капитал купот елиминирајќи го Ливерпул со 2-1 вкупен резултат.


Правилото „гол во гости“ не важи во лига купот во Англија затоа победникот беше решен по продолжение откако регуларниот дел заврши 0-0.

Човек на одлуката беше српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ, кој ја погоди мрежата на „црвените“ во 94-та минута.


Во второто полуфинале ќе се сретнат тимовите на Шефилд Јунајтед и Тотенхем, а гостинот има предност 1-0 од првиот натпревар.

Мх.П.