Екипата на Челси го повлече првиот потег на трансфер пазарот од водечките екипи во Премиер лигата, откако се засили со дефанзивецот Натан Аке.


Холандскиот интернационалец практично се врати на Стемфорд Бриџ, бидејќи во тимот на Бурнмаут настапуваше како позајмен фудбалер.

21-годишниот фудбалер пред почетокот на сезоната замина во Бурнмаут, но добрите и констатните игри не останаа не забележани од Антонио Конте кој одма го искористи правото да го врати играчот.

Аке, и минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер, а беше дел од тимот на Ватфорд. Холанѓанецот во Челси се пресели од Феенерод во 2012-та година.

OhridNews