Фудбалерите на Челси им се вратија на победите во англиската Премиер лига, откако во 17-та рунда на гостински терен славеа со 3-1 против Хадерсфилд.
Лондонските „сини“ дилемите околу победникот ги решија после 45 минути игра во кои постигнаа голови преку Бакајоко и Вилијан за водство 2-0. Победата во второто полувреме ја запечати Педро со ефектен погодок, додека домаќините во судиското продолжение постигнаа почесен погодок.
Со трите бодови од гостувањето кај Хадерсфилд, Челси се изедначи со Манчестер Јунајтед на втората позиција на табелата, која пак, има меч помалку.
17-та рунда во најсилната лига во Англија ќе се комплетира со натпреварите Њукасл – Евертон, Саутемптон – Лестер, Свонси – Мен Сити, Ливерпул – ВБА, Мен Ју – Бурнмаут, Тотенхем – Брајтон, Вест Хем – Арсенал.
Резултати: Барнли – Стоук 1-0, Кристал Палас – Ватфорд 2-1, Хадерсфилд – Челси 1-3.
OhridNews