Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин ќе ги засили „сините“, откако италијанскиот клуб Јувентус и англискиот премиерлигаш Челси договорија позајмица до крајот на сезоната, пренесува Скај Спорт.

Последните шест месеци Игуаин ги мина на позајмица во Милан но фудбалерот не се пронајде себе си и побара дозвола за трансфер во Челси. „Росонерите“ не ја активираа клаузулата за пернаментен договор со Игуаин, а „сините“ реагираа и му ја исполнија желбата на менаџерот Маурицио Сари.

Италијанскиот стратег и Игуаин заедно соработуваа во Наполи, пред напаѓачот да направи мултимилионски трансфер во Јувентус.

Доаѓањето на Аргентинецот на Стемфорд Бриџ веројатно ќе значи збогум за Алваро Мората, кој кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

OhridNews