Екипата на Челси е нов шампион во англиската Премиер лига. „Сините“ неопходната победа за осигурување на титулата ја забележаа на гостувањето кај ВБА со минимални 1-0 и се одлепија на недостижна предност од Тотенхем на табелата.
Годинешната титула во најсилната лига во колевката на фудбалот е вкупно шеста за „сините“ во историјата на клубот. Човек на одлука во Бирмингем беше Мичу Бачујаши кој погоди во 82-та минута од натпреварот.
До крајот на сезоната во Премиер лигата остануваа дилемите околу пласманот во ТОП 4 и борбата за опстанок која до финишот ќе биде неизвесна според распоредот на табелата.
OhridNews