Екипата на Челси со нерегурален погодок во судиското продолжение се извлече од пораз пред своите гледачи на дуелот со Евертон кој заврши 3-3 во 22-та рунда од Премиер лигата.
Погодокот вреден бод за „сините“ го постигна Џон Тери во манир на голем стрелец со петта, но од класична офсајд позиција.
Претходно, „карамелите“ имаа водство (2-0) со автоголот на Тери и погодок на Миралас. Диего Коста и Цеск Фабрегас со два брзи погодоци го изедначија резултатот.
Ново водство за гостите од Ливерпул донесе Мори во првата минута од судиското продолжение, а во шестата Тери се изваде за автоголот постигнувајќи погодок за реми.
Резултати : Тотенхем – Сандерленд 4-1, Челси – Евертон 3-3, Бурнмаут – Норвич 3-0, Мен Сити – Кристал Палас 4-0, Њукасл – Вест Хем 2-1, Саутемптон – ВБА 3-0, Астон Вила – Лестер.
Мх.П.











