Челниците на Челзи одлучија пред време да му понудат нов примамлив договор на белгискиот интернационалец Еден Азар.
Азар, по доаѓањето на Антонио Конте на тренерската функција, игра во својата препознатлива форма.
Англиските медиуми јавуваат дека Челзи сака што побрзо да го натерат Азар да стави нов потпис, со кој тој треба да остане подолг период во Лондон, иако актуелниот договор му истекува дури во 2020 година.
За услугите на Азар е заинтересиран и Реал Мадрид, па затоа раководството на Челзи сака да го задржи во своите редови Белгијанецот.
Оваа сезона на 26 натпревари Азар постигна 11 гола и четири асистенции и е еден од најзаслужните што Челзи се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата.
OhridNews