Победата во дербито со Манчестер Јунајтед (1-0) се очекуваше да донесе мир на Стемфорд Бриџ, но се случи спротивното дополнително се загреаја страстите, што резултираше со отказ за клупскиот фризер.
Фризерот Ахмед Аслан не ги почитувал клупските наредби постирајќи слики со играчите и нивните поклони кој ги добивал. Во моментите кога Челси не играше баш најдобро тој поставувал слики на кој се забавувал со фудбалерите помеѓу кои Давид Луиз кој моментално не е во најдобри односи со менаџерот Антонио Конте.
– Ги помина сите граници и моравме да реагираме. Фотографиите со фудбалерите ги користеше за личен интерес и промоција не почитувајќи ги клупските наредби околу приватните слики. – стои во соопштението од клубот.
Ваквиот развој на настаните во Челси е по малку чуден и ретко се случува фризерот или било кој надворешен соработник на клубот да добие отказ, но во Англија очигледно се е можно.
OhridNews