Челси обезбеди пласман во 6-та рунда од ФА купот откако во петтата го елиминираше Манчестер Сити победувајќи го во дербито со убедливи 5-1.


Менаџерот на „граѓаните“, Мануел Пелегрини најави дека ќе тактизира во мечот со Челси во ФА купот и на Стемфорд Бриџ истрча со комбиниран состав.

Диего Коста го отвори резултатот во 35-та минута, но по само две минути гостите од Манчестер изедначија со голот на Фаупала.

Вистинската канонада кон голот на „граѓаните“ следуваше во второто полувреме. Вилијан погоди за 2-1 во 48-та минута, а пет минути подоцна Гери Кејхил зголеми на 3-1.

„Петардата“ во мрежата на Манчестер Сити ја комплетираа Еден Азард и Бернард Траоре во 67-та односно 89-та минута.

 
Резултати: Блекбурн – Вест Хем 1-5, Тотенхем – Кристал Палас 0-1, Челси – Манчестер Сити 5-1.

OhridNews