Лондонските сини во вториот ден од зимскиот преоден рок го договорија првото летно засилување. Челси ја официјализираше соработката со Кристијан Пулушиќ кој во Англија ќе се пресели од Борусија Дортмунд.
Американецот со хрватско потекло следните шест месеци ќе ги помине како позајмен фудбалер во Дортмунд, а пернаментен трансфер во Челси ќе направи на лето.
- Сонот на Кристијан беше да игра во англиската Премиер лига. Воопшто не ни е чудно, бидејќи се работи за Американец. Не бевме во можност да ја продолжиме соработката, а понудата од Челси беше доста висока. Верувам дека тој ќе дава максимум во престојните шест месеци и ќе ни помогне да оствариме што подобри резултати. – изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд.
„Сините“ во трката за 20-годишниот фудбалер го победија Ливерпул кој исто така се распрашуваше за услугите на американскиот репрезентативец. Целокупниот трансфер изнесува 64 милиони евра.
OhridNews