Раководството на лондонскиот клуб Челси нема против за предвремен раскин на договорот со искусниот голман Петр Чех, но само по еден услов да не засили некој од конкурентите во Премиер лигата.
По доаѓањето на Тибо Куртоа на Стемфорд Бриџ од Атлетико Мадрид чешкиот голман го загуби првотимскиот статус и побара можност за трансфер.
Најзагреани за неговите услуги се Арсенал и Манчестер Јунајтед, кој најверојатно ќе остане без Давид де Геа во летниот преоден рок.
Португалскиот стручњак Жозе Мурињо не милува да пушта играчи во Арсенал бидејќи минатата сезона го задржа Демба Ба само да не премине на Емирати, што не е случај со „ѓаволите“ кога им го ослободи Хуан Мата за 30 милиони евра.
Ohridnews