Бразилската фудбалска федерација повлече скандалозен потег откако реши да ги казни екипите на Чапекоенсе и Атлетико Минеиро бидејќи не го одиграа натпреварот од последното коло во шампионатот.

Овој меч требаше да се одигра три дена по авионската несреќа во која загинаа 18 играчи и тренерот на Чапекоенсе. Атлетико Минеиро во знак на солидарност не го одигра натпреварот.

Дисциплинската комисија постапувајќи по членот 203 го казни Чапекоенсе парично со 30.000 евра, а двата тима бидејќи не го одиграа натпреварот назадуваа за две места на прволигашката табела.

Откако им се изречени казните, Атлетико ќе остане на четвртата позиција на табелата со 62 бода, а Чапекоенсе е 11-ти со десет бодови помалку.

OhridNews