Трофејниот хрватскиот стручњак на клупата од Металург, Лино Червар во интервју за „Вечерни новости“ кажа дел од своите планови.


– До крајот на сезоната сигурно ќе останам во Металург, а потоа ќе видиме. Можеби е време да ја напуштам Македонија. Јас се уште сум гладен за врвни резултати и освојување на трофеи. Не ми е важно да бидам првак на некоја земја или да освојам европски титули, важно ми е да направам некое чудо со некој мал клуб како што беше случајот со Истратурист и сега со Металург. – рече Червар.

Тој ако замине од клубот од Автокоманда ќе премине во некој тим од Европа со сериозни планови и високи амбиции.

– Во овој момент не ме интересира преминување во катарското првенство каде што отидоа Мојсовски и Вугринец. Финансиски сум независен и не ми треба брза заработка. Сакам да работам во далеку посериозни клубови и во посериозни лиги. – потенираше тренерот на Металург.

Червар се уште контактира со играчите кои беа дел од шампионскиот мозаик на Металург.

– Се слушнав со Мојсовски и Вугринец, нека им е со среќа во Катар. Горд сум и на играчите од Металург кои заминаа во германската Бундеслига, а уште повеќе поради тоа што во своите тимови не играат споредна улога. – заклучи хрватскиот ракометен стручњак.

Ohridnews