Поранешниот македонски селектор и предводник на Металург, Лино Червар смета дека Еурофарм Пелистер направил добра зделка со ангажманот на Жељко Бабиќ за нов тренер на битолскиот состав.

Да, тој е супер избор и добра зделка. – кратко одговори Червар на новинарското прашањето околу Бабиќ.

Еден од двата македонски претставници во Лигата на Шампиони,  Бабиќ го назначи за нов тренер после врачувањето на отказ на Стефче Алушовски, кој во меѓувреме стана шеф на стручниот штаб на Вардар.

„Фармецевтите“ со Бабиќ на клупата ќе бркаат што подобар пласман во регионалната СЕХА лига и една од двете позиции во македонската Супер лига.

OhridNews