Селекторот на Хрватска, Лино Червар и ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ имаат главни улоги во мотивирачкото видео кое хрватите го снимија како најава за Европското првенство кое ќе се одржи токму во Хрватска.
Во еден дел од видеото Червар му се обраќа на Циндриќ дека не е како Ивано Балиќ, но дека има квалитети да ја води својата земја до крај, односно до највисокото место на тронот. Видеото собра само позитивни коментари и впечатоци низ Хрватска.
Континенталниот собир започнува на 12 јануари, а завршува на 28 јануари. Дел од ЕП ќе биде и Македонија која во првата фаза по групи силите ќе ги одмери со Германија, Словенија и Црна Гора.
OhridNews