Хрватскиот селектор Лино Червар избегна санкција од Европската куќа на ракометот (ЕХФ) за неспортскиот потег на дуелот помеѓу Хрватска и Белорусија.

Во последниот напад на мечот селекторот на Хрватска се послужи со неспортски потег фаќајќи го за дресот десниот бек на белорусите кој секунда после тоа ја изгуби топката и ја прокоцка можноста за егал.

ЕХФ го казни Червар парично, но и не да се пресели на трибините на дуелот со Норвешка кој за хрватите е да се биде или не во втората рунда од главната фаза.

OhridNews