13-то Европско првенство во ракомет кое ќе се одржи од 12 до 28 јануари официјално ќе го отворат селекциите на Хрватска и Србија (20:30 часот) иако претходно ќе се одиграат два други натпревари.

Некој посебна најава за средбата помеѓу Хрватска и Србија нема никаква потреба, но за тоа се погрижи Лино Червар кој одново беше во форма и расположен за муабет со новинарите.

– Србија е многу незгодна селекција и јас многу ги респектирам и почитувам. Не смее никој да ги потцени и наша единствена предност е само домашниот терен, друго ништо. Тие намерно губеа во контролниот натпревари, но ние нема да ги „голтнеме“ нивните спортски провкации и да мислиме дека работата е завршена пред почетокот на натпреварот. – изјави Червар.

На стартот од ЕП покрај Хрватска – Србија силите ќе ги одмерат Шведска – Исланд, Белорусија – Австрија и Франција – Норвешка. Репрезентацијата на Македонија игра во сабота со почеток во 19 часот и 30 минути против селекцијата на Словенија.

OhridNews