Тренерот на Металург, Лино Червар, доби наградата од ЕХФ за своите заслуги во тренерската професија, на која и посвети 40 години од својот живот.
Червар стана првиот тренер што ја добива оваа награда, која на свечена церемонија му беше врачена лично од претседателот на ЕХФ, Жан Брио.
„Червар ја заслужи оваа награда со своето залагање и целокупното ракометно истражување и делење на своето знаење со останатите“ – изјави Брио.
Самиот тренерот на Металург не го криеше задоволството од добиеното признание. „Јас не сум ракометен професор, туку тренер со визија и идеи. Горд сум што долго време сум во оваа работа, моите резултати се должат на константното учење од експерти од сите полиња на спортот“ – изјави Червар на церемонијата во Краков.
OhridNews